Научи танго!

Пријави се за бесплатни часови! Не ти е потребен партнер/ка – понеси само добра волја и желба да научиш нешто. Пиши ни маил на tango.mkd@gmail.com
кликни за повеќе...

Tuesday, July 23, 2013

7 совети за мажи

1. Танцувај за неа – мажот танцува за жената, а не обратно. Сè што правиш на милонгите – го правиш за нејзино задоволство. Твојата награда е нејзиното задоволство; нејзината насмевка; нејзиното исчекување да танцува со тебе. Es tango.

2. Прегратката е мерка – на нејзината прегратка гледајте како на мерка за твојот танц. Кога таа те прегрнува, ти дава нешто скапоцено, таа ти се дава себе си – и од тебе зависи што ќе одлучиш да направиш со тоа. Ако ја изневериш – ќе ја изгубиш нејзината доверба – и нејзината прегратка. Ако почувствуваш дека врската се прекинува, дека партнерката е нервозна, далечна, дека не се чувствува удобно во твоите раце – веројатно правиш нешто погрешно. Тоа е нејзиниот начин да ти каже дека танцуваш лошо, дека не танцуваш за неа.

Според моето искуство, има жени кои не можат да му се предадат на партнерот во танцот, кои не можат целосно да се поврзат со него. Мислам е дека тоа е така најмногу затоа што тие научиле да танцуваат само со „лоши“ партнери, и нивната прегратка обично е далечна и ладна. Тие танцуваат само со своето тело, но не и со срцето.


3. Поврзи се – вообичаено, во текот на тангото, жената целото време го поминува мислејќи или чувствувајќи ја комуникацијата. Тоа е тоа што е најважно за неа, а не твојата способност да правиш акробатски фигури или брзи движења со нозете. Таа ќе ги затвори своите очи и ќе танцува само според информациите што ѝ ги испраќаш. Способноста да се поврзеш со неа е еден од најважните елементи за добро танцување.

4. Избери внимателно – Пред да танцуваш, разгледај добро. Погледни кон подиумот – од моето искуство, најдобрите танчарки се оние кои имаат најстрастна прегратка, оние кои се поврзани со градите со своите партнери (блиску до нивните срца), оние кои ги ставаат своите раце околу вратот на партнерот, потпирајќи се на него. Со внимателно избирање си заштедуваш многу енергија и време потрошено во танцување со „лоши“ партнерки, барајќи ја вистинската.

5. Следи ја – Заборавете на концептот “leader/follower”, тоа не е танго. Во танго постојат само маж и жена, а не оној кој води и оној кој следи. Емоционалната двишечка сила на секој пар е жената, и треба да ја следиш во секој чекор. Кореографијата и интерпретацијата на музика сепак зависи од тебе, но прави го тоа имајќи ги цело време во мислите нејзините емоции. Ако почувствуваш дека е напната, нервозна, ќе правиш поедноставни чекори, за да ја опуштиш, да ѝ дадеш слобода, да земе здив... Научи да ги читаш нејзините емоции, следи го нејзиното емоционален „лид“.

6. Следи ја, повторно – Понекогаш, дури и искусните танчари прават грешки. Никогаш немој да дозволиш жената да помисли дека е таа е одговорна за грешката. Прво, пробај да го следиш нејзиното движење, на тој начин што таа нема да забележи дека не го прави чекорот во кој ја водиш. Како што вели еден постар милонгеро: „Ако таа направи грешка, и јас ќе направам грешка исто така.“ Ако тоа не помогне, ако таа почне да се извинува, прекини ја, преземи ја вината и извини се.

7. Танцувањето е скапоцено – затоа не троши го залудно. Танцувај само со партнерки со кои уживаш да танцуваш. Секако, на милонги, танцувај неколку танди со почетнички или со девојки со кои не си играл претходно. Гледај на тоа како на твоја општествена одговорност. Меѓутоа, не танцувај со премногу партнерки. Прво, затоа што многу брзо ќе се измориш, а кога си изморен –танцуваш лошо. Второ – ќе се испотиш. Така, можеби кога ќе имаш можност да танцуваш со совршената партнерка – ќе бидеш целиот во хаос – а тоа ќе ти ги уништи убавите моменти.

автор: Ивица Антески
извор: 7 things to remember

No comments:

Post a Comment