Научи танго!

Пријави се за бесплатни часови! Не ти е потребен партнер/ка – понеси само добра волја и желба да научиш нешто. Пиши ни маил на tango.mkd@gmail.com
кликни за повеќе...

Wednesday, June 26, 2013

Тангото и сцената

Качо Данте е еден од најискусните живи милонгероси
Пред 30 години, тангото не беше сценски настап. Немаше кореогафии, а жената не беше тука само да следи, тангото ѝ беше посветено на неа.

Откако во Аргентина на власт дојде диктатурата, многу милонгероси престанаа да танцуваат. Им здодеа да ги собира полицијата секој викенд за да провери дали имаат криминално досие. Некои милонгероси одеа во маалските клубови каде што мораа да танцуваат со своите соседи, роднини, сестри на пријатели - сето тоа под будното око на мајките. Беше многу здодевно. Во тоа време момците веќе ја имаа поминато фазата на фигурите. Веќе го имаа поминато филтерот: кога навистина не знаеја да танцуваат користеа 20 фигури; кога научија малку повеќе, користеа 10; кога сфатија што прават, почнаа да танцуваат со само 5 фигури.

Останатото го научија од оркестрите на тоа време: како да се движат на подиумот; како да го владеат ритамот. Тогаш секојдневно танцуваа на некои од најдобрите оркестри: Osvaldo Pugliese, Anibal Troilo, Juan D’Arienzo, Francisco Canaro, Alfredo Gobbi и сл.

Подоцна, сè се смени. Тангото се качи на сцена и беше претворено во кореографија. И стана танц на глувите. Подиумот денеска понекогаш наликува на воена зона. Жените дури и немаат можност да изберат партнер. Мажите ги грабаат од масите како да се овошје во супермаркет.

(…)

Тангото е чувство кое се танцува. Затоа не може да биде кореографија, иако може да има секвенци, исто како и сите чувства. Можеш да танцуваш љубов, бес, среќа, уживање, секое расположение. Тангото не е танц на покажување што знаеш, туку на интерпретирање што чувствуваш. Не е само движење на нозете и постура. Тангото е аргентинско, но им припаѓа на сите кои ги разбираат неговите чувства и неговите правила.

Момци, за да танцувате танго мора да го слушате срцето на жената.

(ноември 1998, од Качо Дантe милонгеро од Буенос Аирес) 
 текстот е преземен