[фотографија од Tango and chaos] |
2. Имајте резервен план. Однапред одберете втора и трета опција и имајте ги предвид.
3.Обидете се брзо да ја препознаете музиката од тандата и потоа веднаш започнете да гледате кон лицето што е ваш прв избор за тој тип на музика.
4. Ни за миг не го тргајте погледот од избраната личност (доколку и претходно сте играле заедно, останатото ќе биде едноставно затоа што тој или таа веќе ќе гледа кон вас кога ќе ја слушне музиката).
5. Ако не ви биде возвратен погледот, малку почекајте. Доколку почувствувате дека лицето е свесно за вас, но гледа на друга страна, веднаш насочете го погледот кон второизбраниот партнер и повторете го обидот.
6. Откако ќе се оствари контакт со поглед, може да се употреби било каков знак за прифаќање. Меѓу милонгеросите, знакот е не повеќе од поглед кој трае од една до две секунди или можеби суптилно кимнување со глава или покажување со поглед кон подот.
7. Доколку се случи да ви се сретне погледот по грешка со некој со кого не сакате да играте, не покажувајте реакција и брзо погледнете на страна.
8. Откако ќе биде прифатена поканата за танц, партнерите го задржуваат погледот еден на друг додека жената седи а мажот го преминува подиумот и застанува пред неа.
9. Девојката треба да стане да игра дури во оној момент кога со партнерот ќе се најдат очи во очи и еден пред друг (ова помага да се избегнат недоразбирања околу сигналите, затоа што може да се случи посакуваната партнерка да седи во линија со погледот на танчарот, но еден или два реда поназад).
10. По завршувањето на танцот, партнерот секогаш ја испраќа партнерката до нејзината маса, а потоа се враќа на својата.
извор: Tango and chaos
No comments:
Post a Comment