Научи танго!

Пријави се за бесплатни часови! Не ти е потребен партнер/ка – понеси само добра волја и желба да научиш нешто. Пиши ни маил на tango.mkd@gmail.com
кликни за повеќе...

Thursday, December 13, 2012

Скопје и Венеција во пролетна танго прегратка


Група милонгери и милонгероси од Италија во април ќе гостуваат на најголемиот танго-маратон организиран досега во Македонија 

Танго маратон со поголема група милонгери и милонгероси од Венеција ќе се одржи во текот на април следната година во хотелот „Сонце“ во Скопје.

На овој настан ќе присуствуваат познатата инструкторка и милонгера од Буенос Аирес, Мирта Тисеира и нејзините ученици од Италија. На настанот, се очекува присуство и на поголем број милонгероси и милонгери од Балканот.

„Танго милонгеро Скопје“ го организира маратонот како продолжение на двете работилници со Мирта Тисеира. Последната од нив се одржа од петти до деветти овој месец кога познатата милонгера во Скопје држеше часови за танго, милонга, валс и за женска техника.

Практилонга за помалку искусните

Редовна практилонга почна да се одржува секоја недела во „Fun Cafe“ со почеток во 21.30 часот. Практилонгата е милонга на која помалку искусните може да танцуваат со поискусните и преку телото да учат и побргу да напредуваат. Првата практилонга се одржа на 9 декември.

Прва попладневна милонга во Скопје

Милонгата „El Centro“ од први декември се одржува секоја сабота од 16.30 часот до 21.00 часот вo „Drama Coffee House“ во центарот на Скопје. Со тоа ова е првата попладневна милонга во Скопје. Првото издание на милонгата помина во опуштена саботна атмосфера.

Обновена милонгата „Tango de la Luz"

„Tango de la Luz“ повторно се одржува секој четврток во „Check in“ со почеток во 20.00 часот. Оваа милонга паузираше скоро цела година, по што „Танго милонгеро Скопје“ ја обнови на петти декември годинава. На отворањето специјална гостинка беше и маестра Мирта Тисеира.